Велешанец физички ја нападнал својата сопруга
Објавено: 26 јануари, 2024, во 09:53 часот
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 22:30 часот го лишеле од слобода триесет и пет годишниот велешанец Б.З.
Тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата една година помлада сопруга. Б.З бил приведен во полициска станива, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк


