Велешанец и во затвор, додека издржувал казна, дилал дрога
Отвореното одделение „Велес“ при Казнено поправна установа „Затвор -Идризово“,изминатава сабота, на 26 октомври, пријавило дека околу 17:00 часот при преглед на А.С.(34) од Велес, осудено лице кое издржувало мерка во установата, биле пронајдени дигитална вага, пакување со жолта прашкаста материја и два мобилни телефони, кои од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес биле одземени.
-Полициски службеници на затворска полиција, го спровеле А.С во Казнено поправна установа „Затвор-Идризово“ за доиздржување на казната. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по чл. 215 од КЗ, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк