Велешанец ја пријавил својата невенчана сопруга во полиција, фрлала предмети кон него
Објавено на 12 декември, 2023 во 13:00

Четириесет и шест годишен велешанец во Сектор за внатрешни работи Велес пријавил дека во семејниот дом неговата 30 годишна невенчана сопруга, која имала здравствени проблеми, агресивно се однесувала кон него, му упатила закани и фрлала предмети кон него.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека велешанката била пренесена во здравствена установа и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк
