Велешанец кршел предмети по дома и оштетил автомобил, 52 годишен неготинец физички ја нападнал својата 19 годишна вонбрачна партнерка

Објавено на 10 јануари, 2024 во 13:10

Шеесет и шест годишен татко го пријавил својот 30 годишен син, велешанецот Б.Н, затоа што во семејната куќа агресивно се однесувал, кршел предмети во домот и оштетил патичко возило „фиат“. Полициски службеници во 22:10 часот го лишеле од слобода Б.Н по што бил задржан во полициска станица, бил известеј јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, информира за уште еден случај на семејно насиство но пријавен во Одделение за внатрешни работи Неготино.

-На 09.01.2024 во 14:20 часот полициски службеници ОВР-Неготино го лишиле од слобода
Б.Д.(52) од неготинско село, затоа што во семејната куќа физички ја нападнал неговата 19-
годишна вонбрачна партнерка. Тој е задржан во полициска станица, известен бил јавен
обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Исто така, во текот на вчерашниот ден, поточно во 12:30 часот, 22 годишната велешанка М.Т, пријавила дека на улица „Шефки Сали“ во Велес била касната од бездомно куче.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.