Велешанец лишен од слобода, се соблекол пред малолетник
Објавено на 3 јуни, 2022 во 09:50
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес на 1 јуни, во16:05 часот, го лишеле од слобода шеесет годишниот Д.Ѓ од Велес.
-Претходно во парк во Велес почнал да се соблекува пред малолетник од Велес, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека во координација со Jавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.