Велешанец осомничен за „тешка кражба“ на базна станица на телекомуникациски оператор
Објавено: 19 мај, 2026, во 13:06 часот
Дваесет и четири годишниот И.В е извршил на тешката кражба. Полицијата го сомничи дека кривичното дело го сторил на базна станица на телекомуникациски оператор во Велес. Полициски службеници го лишиле од слобода, вчера, во 11:40 часот, во Велес.
Според Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. И.В бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска


