Велешанец прв во Македонија под електронски надзор – започна примената на куќен затвор

Објавено на 8 октомври, 2025 во 13:45
Фото: Управа за извршување на санкции

Од страна на овластени службеници од Сектор за пробација во Чашка, Велес, денеска, за прв пат беше поставена опремата за електронски надзор со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен притвор.

Како што соопштуваат од Министерство за правда – Управа за извршување на санкции, врз осуденото лице била поставена алка на глуждот на ногата.

-Истиот нема да смее да го напушта своето живеалиште во времетраење од три месеци , а лицето има право на престој на свеж воздух од најмногу два часа. Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и ограничувањата дадени од судот, пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација, објаснуваат од Управа за извршување на санкции.

Оттаму додаваат дека овој начин на извршување на казната е поекономичен за државата, но имајќи ја предвид и возраста на сторителот претставува и похуман начин на извршување на казна.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.