Велешанец со нож се обидел да ја нападне својата мајка
Објавено: 20 јуни, 2022, во 13:20 часот
Дваесет и две годишниот Н.П од Велес, во саботата, 18 јуни, од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес бил лишен од слобода бидејќи се обидел со нож да ја нападне својата мајка.
– Н.П.(22) од Велес се однесувал агресивно во семејниот дом и се обидел со остар предмет да ја нападне неговата 45-годишна мајка, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Оттаму информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Стефани Манева

