Велешанец со остар предмет му се заканувал на својот внук

Објавено на 14 март, 2022 во 11:09

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес го лишеле од слобода шеесет и шест годишниот С.Р од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство“.

– Во семејната куќа во Велес, С.Р., по кратка вербална расправија, со остар предмет му се заканил на својот 37-годишен внук од Велес, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Оттаму додаваат дека С.Р е приведен во полициска станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.