Велешанец украл пари од црква
Објавено на 31 јануари, 2024 во 10:21

Четириесет и две годишниот Н.А од Велес, се сомничи дека вчера, околу 17:30 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во црква на улица „Благој Ѓорев“ и одзел пари.
-Кај него биле пронајдени парите и биле вратени во црквата, како и предметот со кој го извршил делото, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Полициски службеници го лишеле од слобода и бил приведен во полициска станица.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк
