Велешани од утре своето слободно време ќе можат да го поминуваат на градскиот базен

Објавено на 12 јули, 2022 во 12:19
Фото: Градски базен 2022

Сите граѓани коишто обожаваат да пливаат, да се сончаат но и да уживаат во летните денови ќе можат од утре, 13 јули,  своето слободно време да го поминуваат на градскиот базен во Велес. Од јавното претпријатие „Парк – спорт и паркинзи“ Велес соопштуваат дека градскиот базен за пливање ќе работи секој ден од девет часот наутро до 19:00 часот.

Цената на дневна влезница ќе изнесува 60 денари и истата ќе се добива при влез на градскиот базен додека за деца до пет годишна возраст влезот ќе биде слободен.

Исто така, велешани имаат можност да си извадат и триесет дневен билет којшто чини 1.200 денари или сезонски билет којшто чини 1.800 денари. Овие билети може да ги добијат во спортската сала „Гемиџии“ секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

Покрај пливањето, оваа година, граѓаните ќе имаат можност да уживаат и бесплатно да користат рекреативни активности за пинг –понг, баскет и мал фудбал.

На базенот ќе се влегува само од главниот влез којшто се наоѓа во непосредна близина на ЈКП „Дервен“ или по конкретно од страната на паркингот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.