Велешани подарија на Црвен крст досега најголема донирана количина на училишен прибор

Објавено: 2 септември, 2025, во 16:21 часот

За два часа, вчера попладне, собрана досега е најголема количина на училишен прибор на поставениот штанд за донации од страна на Општинска организација на Црвен крст во Велес.

Волонтери денеска откако ги селектираа и групираа сите донирани материјали велешки Црвен крст соопшти дека донацијата се состои од 24 целосни комплети на училишен прибор. 

-Во еден комплет има 1 ранец, 10 тетратки, 4 блокови, комплет фломастери, комплет дрвени бои и темперни бои потоа четки, моливи, пенкала, острилки за моливи и гуми за бришење, линијари. Донираните 24 комплети ќе се поделат во семејства со ниски примања каде има ученици во основни или средни училишта во градот. Поделбата ќе се направи најверојатно утре, рече секретарот Орце Николовски.

Тој во името на велешки Црвен крст упати голема благодарност до сите граѓани кои донираа и посебно до Мото клубот „Носачи на крстот“ коишто ја поддржаа акцијата, најголеми донатори на собраниот училишниот прибор. 

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.