Велешани повторно ја покажаа својата хуманост, надминат годинешниот план за крводарување

Објавено на 29 јуни, 2022 во 09:45
Фото: Црвен крст Велес

Четириесет и пет крводарители се одзваа на вчерашната вонредна крводарителска акција којашто беше реализирана во просториите на Ликовен салон. Велешани повторно ја покажаа својата хуманост бидејќи за половина година го надминаа годинешниот план за крводарување којшто предвидува 1.916 крвни единици.

Фото: Црвен крст Велес

-На вонредната крводарителска акција поголем дел од крводариелите односно 38 беа мажи додека останатите осум жени. Двајца за прв пат даруваа крв и станаа дел од најголемото хумано семејство. Многу сме горди што официјално се надмина годинешниот план за крводарување во Велес, Градско и Чашка, пишува во соопштението на Црвен крст на РСМ, Општинска организација Велес.

Инаку, оваа вонредна крводарителска акција беше организирана поради потребата од крвни единици во летните месеци. Истата беше реализирана од страна на Црвен Крст на РСМ – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Фото: Црвен крст Велес

За време на шест часовната крводарителска акција учество земале петмина волонтери на Клубот на млади.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.