Велешани,ноќеска, почуствуваа земјотрес
Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтеровата скала е почувствуван ноќеска во Скопје и во Велес.
Епицентарот на земјотресот е на 22 километри источно од Скопје во општината Петровец, на длабочина од 7 километри.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, во 2: 02 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4“, пишува во официјалното соопштение.
Опсерваторијата исто така според досегашните информации потврди дека земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“.
Земјотресот го почувствуваа и граѓаните на Велес и на Куманово. Според нивни информации тие почувствувале краток но силен потрес којшто засега не предизвикал материјална штета.
Дума.мк