Велешанка физички ја нападнала мајката на своето момче, жената се здобила со тешка повреда
Објавено: 12 септември, 2025, во 11:37 часот
Триесет и шест годишната велешанка М.М вчера, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес.
Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, велешанката била пријавена бидејќи физички ја нападнала 65 годишната мајка на нејзиното момче во нејзиниот дом во градот.
-При нападот, 65-годишната жена се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Општа болница Велес, соопшти портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.
М.М. е приведена во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на
настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева

