Велешанки можат да користат услуги на Кабинет за дојка во велешка болница со резултати за седум дена

Објавено на 12 декември, 2023 во 15:06

Кабинетот за дојка во Општа болница Велес работи три пати неделно. Закажувањето на термини за прегледи и за снимање во име на пациентите го прават матичните лекари. Резултатите се добиваат за седум дена, соопшти денеска портпаролката др Елена Левкова Ќулумова.

Од болницата не дадоа колку вкупно прегледи се направени во изминатите десеттина дена. Тоа што, според нив, треба да биде соопштено на граѓанките на Велес е постапката како и можноста за една недела да стигнат до резултатите во својот наместо тоа да го прават во соседните градови.

Овој Кабинет се наоѓа во приземјето на зградата на болницата и е дел од Одделот за радиодијагностика. Прегледите ги вршат високо стручни дипломирани радиолошки технолози како и две еминентни професорки, субспецијалистки за мамографија и за женско здравје. Станува збор за проф. др. Јасмина Чабуковска и Проф. др Тања Петровска.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.