Велешка промоција на филмот „Мирисот на земјата“на Христијан Саздовски
Објавено: 4 јуни, 2026, во 12:54 часот
Филмот кој не го претставува грнчарството преку историски факти, туку преку животот, чувствата и секојдневието на еден грнчар промотивно во Велес ќе биде прикажан во вторник на 9 јуни со почеток во 18:00 часот во Локална библиотека „Гоце Делчев“.
„Мирисот на земјата“ е приказна за поврзаноста меѓу човекот и глината, за тишината во работилницата, за трпението, трудот и љубовта што остануваат вткаени во секој облик создаден со раце. Наменет за млади и возрасни, филмот има за цел да ја доближи традицијата до современиот човек и да покаже дека занаетите не се само минато — туку жив дух што сè уште дише меѓу нас.
Проектот е изработен и инспириран од предметот Етнологија и тригодишното образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, во насоката за традиционална музика и игра под менторство на Проф. м-р Благица Илиќ и во соработка со мајстор Гоце Станчев.
Саздовски упатува покана до своите сограѓани: „Ве чекаме! Бидете дел од приказната што мириса“.
Убавка Јаневска


