Велешки Црвен крст им се заблагодари на сите волонтери и доктори кои несебично помагаат таму кадешто е потребно

Објавено на 7 декември, 2022 во 11:55

По повод 5-ти декември, светскиот ден на волонтерството, велешки Црвен крст организираше настан на којшто оддаде почит и се заблагодари на сите волонтери кои несебично помагаа и работеа со цел да помогнат на оние на коишто им е најпотребно.

За време на настанот благодарници бeа доделени на младите херои Клара Арсовска, Вероника Гијовска, Ива Зврцинова, Ванеса Христова и дисеминаторот Ружица Костовска. Тие изминатиот период менторирале при изработка на проекти во рамки на програмата на Црвен крст во промоција на хумани вредности.

Исто така, голема благодарност се упати и кон докторите коишто во текот на оваа година обучиле 1000 ученици, 800 кандидати за возачи, повеќе од 100 вработени во велешките детски градинки како и работници од повеќе компании како да пружат прва медицинска помош и да спасат нечиј живот.

– Благодарници добија д-р. Кевица Шопова Клифова, д-р. Василка Пановска, д-р. Јадранка Мишкова, д-р. Марија Давчева, д-р. Филип Тодоровски, д-р. Родна Јорданова, д-р. Владо Хаџи Наумов, д-р. Мартин Хаџи Наумов, д-р. Атанас Георгиевски, д-р. Горан Богатинов, Тања Јаковлевска, Сашка Димчевска и Биљана Карова, соопштија од велешки Црвен крст.

За време на настанот беа прикажани кратки видеа со тоа што волонтерите од оваа организација работеле во текот на 2022 година.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.