Велешки Црвен Крст, минатата година, четврти за собрани крвни единици во државата
Велес по крводарување, минатата година, четврти во Македонија со реализирани 27 акции и собрани 3.826 крвни единици
Централната канцеларија на македонскиот Црвен Крст ги испрати резултатите според коишто ги рангира општинските организации во државата на планот на крводарителство. Велешкиот, минатата година, е на четврто место. Пред него со исполнетиот план за крводарување се крводарителите на Виница, на скопски Центар и на Кавадарци.
-Велешки Црвен крст минатата година собра вкупно 3.826 крвни единици иако според Годишен план предвидовме собирање на 1.860крвни единици. Тоа ако го изразиме во проценти значи дека планот натфрлен е со 205,7 проценти. За разлика од 2023 година кога беа собрани вкупно 3.839 крвни единици минатата година вкупниот број е помал за 13 крвни единици, рече Орце Николов секретар на Општинска организација на Црвен Крст Велес.
Трите општински организации кои се рангирани пред велешката исто така се со исполнет план над 200 проценти.
Стефани Манева