Велешки Црвен крст одржа трета работилница за дијабет

Објавено на 28 јули, 2022 во 11:36
Фото: Општинска организација на РСМ – Црвен крст Велес

Триесет и четири лица над 60 годишна возраст, во текот на вчерашниот ден, биле дел од третата работилница за дијабет којашто ја организира велешки Црвен крст во рамки на проектот „Здраво стареење“. Граѓаните имале можност преку презентација и предавање од лекар да се информираат за дијабетот.

Фото: Општинска организација на РСМ – Црвен крст Велес

-Целта е лицата од трето доба најпрво преку презентација и предавање од лекар да се информираат за дијабетот, да ја запознаат болеста подобро, нејзините симптоми, последици и превенција, а потоа и практично да се делува доколку има таква потреба. Затоа на работилниците се врши и мерење на нивото на шеќер во крвта и се пополнуваат акнетни прашалници кои најмногу се однесуваат на видот и начинот на исхрана, велат од велешки Црвен крст.

Фото: Општинска организација на РСМ – Црвен крст Велес

Вчерашната работилница била одржана во просториите на Здружение на пензионери во Велес од страна на Д-р Кевица Шопова Клифова, Претседател на Општинската организација на Црвен крст од Велес со помош на уште две волонтерки.

Овој проект, „Здраво стареење“ се реализира уште во 10 градови низ државата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.