Велешки Основен суд ја изрече првата алтернативна мерка „куќен затвор“, 79 годишен маж од Чашка ќе носи алка за постојано следење

Објавено на 26 јуни, 2025 во 12:03

Осуден е 79 годишниот маж, П.Ѓ од Чашка. Тој казната затвор ќе ја издржува дома и ќе ја носи електронската алка со која во секој момент ќе биде контролиран како осудено лице.

Судијата Шефчет Адеми на Основниот суд Велес, со пресуда врз основа на признание на вина, го огласи за виновен обвинетиот П.Ѓ. за кривично дело „полово вознемируање“ и му утврди  ваков вид на казна затвор во траење од 3 (три) месеци.

Издржувањето на алтернативната мерка „куќен затвор“ значи дека не смее да го напушти домот , освен во случаи предвидени со Законот за пробација, поточно потреба од лекарска помош или друг вид на слична потреба за која мора да постои одобрување на судот.

„Надзор над извршувањето на куќниот затвор врши судот и надлежен орган согласно закон кој може да одреди преземање на определени мерки на надзор како и од полицијата во местото во кое се наоѓа домот на осудениот со обврска за редовно известување од нивното вршење,“ пишува во пресудата.

Доколку обвинетиот ја прекрши забраната за напуштање на домот, по предлог на надлежен орган, судот може да одреди заменетата казна затвор да се изврши во целост во установа за извршување на казната затвор.

 Алтернативната мерка куќен затвор ќе се спроведе од Министерстовото за правда Управа за извршување санкции Сектор пробација Скопје.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.