Велешки родители протестираа против дигитализација во образованието
Убедени дека нивните деца од септември, годинава, целосно ќе се образуваат без учебници, група на загрижени родители, денеска, се собраа и протестираа пред зградата на Општина Велес. Тие сметаат дека целосната дигитализација на образовниот процес не е решение на реформата на Владата која што според нив, од една страна се заложува за еднаквост и не дискминација а од друга страна воведува сензитивни предмети кои подложат на не еднаквости и дискриминација.
-Да напоменеме дека овде не сме како членови на политички партии,не е важно од која националност или вера припаѓаме, тука сме за иднината на нашите деца. Реформи се потребни и вистина е дека децата се преоптоварени од непотребни информации. Но целосната дигитализација и кратењето на предмети како што се историја, работа со компјутери, англиски јазик а посебно мајчиниот јазик. Отфрлувњето на учебниците и нивна замена со дигитални уреди нема никакви замислени интерактивни часови, не се решение за напредок во образованието на децата, рече загрижена мајка.
Според неа голем пропуст во овие реформи е тоа што Министерството за образование, воопшто не ги конслутирало засегнатите родители на децата ниту пак ги повикале Советите во училиштата, кога се одлучувало за реформите во образованието. На денешниот протест тие прашаа кои се тие педагози и психолози кои ја одобрија оваа концепција и го отфрлиле развојот на моториката кај децата преку пишување и читање.
-Насилната реформа која ја спроведувате во образованието е осудена на пропаст. Наместо тоа вие повторно не најдовте време да се сретнете со преставниците на околу 75 000 родиели. Дигитализација и уапредување ДА во секое време, но никако без печатени учебници. Никако со одеземање на книгите од рацете на децата, рече Верица Анѓушева, родител и професор по англиски јазик.
Според, Министерката за образование и наука, Мила Царовска, пак, со реформите в образовниот процес , тој влегува во фаза на прилагодување на учениците во дигиталната ера. Таа на настан во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес, што се оддржа во понеделникот, на 10 мај, на новинарско прашање за дигитализацијата на учебниците, рече:
-Нашите ученици имаат еднаква можност и потенцијал како и учениците од регионот и од светот да бидат подготвени за ерата кога се ќе биде дигитализирани. Настава има и ќе има и учебници има и ќе има. Сметам дека сите барања на родителите се опфатени и исполнети. Барањата беа доставеи пред да ја оддржиме средбата со нив, додаде Царовска .
И покрај оваа изјава, родителите на денешниот протест во Велес ги повторија своите барања.
Стефани Манева