Велешки суд го огласи за виновен советникот Смилев „за навреда, за клевета и за нанесување на душевна болка“ на пратеникот Јамалов

Објавено на 9 мај, 2025 во 13:39

Судијката на Основен суд Велес, Лорета Тодорова донесе и јавно ја објави Пресудата П-5 со број 7/24 со која е усвоено тужбеното барање на тужителот Александар Јамалов од Велес во која утврдена е граѓанска одговорност по тужба за навреда и клевета сторена од страна на тужениот Игор Смилев од Велес.

Според пресудата, членот на Совет на Општина Велес е виновен за изнесување на невистинити тврдења за факти штетни за честа и угледот на тужителот, пратеникот Александар Јамалов.

Исто така, велешки суд го задолжува тужениот Смилев на тужителот, Јамалов за изнесената клевета „да му плати справедлив паричен надомест за повреда на личните права износ од 1 евро во денарска противвредност и тужениот на негов трошок да ја објави изреката на пресудата во еден дневен весник на простор не помал од една осмина од страницата од првата до петтата страна,“ пишува во соопштението за јавност на веб страницата на Основен суд Велес.

Тужениот Смилев има право на жалба пред Апелацискиот суд Скопје.

Пресудата на Основен суд Велес е донесена по поднесена граѓанска тужба од пратеникот Александар Јамалов против членот на Совет на Општина Велес, Игор Смилев. Јамалов во граѓанска постапка го тужеше Смилев „за навреда, за клевета и за нанесување на душевна болка“ поради дадена изјава за весникот „Фокус“ во која што изјавил дека „сопругата на Јамалов била вработена во СВР Велес откако тој бил избран за пратеник.“

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.