Велешките „Акцијаши ветерани“ со две доброволни акции помогнаа во Мелница и во Јасеново, општина Чашка (фото)

Објавено: 25 јули, 2025, во 12:02 часот
Фото: Акцијашите ветерани на акција во село Мелница, Општина Чашка

Исчистен од трева и грмушки е просторот околу спомен обележјето на починатите Македонци и Грци, борци на ДАГ во дворот на Специјализираната болница за белодробни заболувања „Јасеново“ во Општина Чашка. Пред утрешното одбележување на настанот четворица акцијаши ветерани на Работната бригада „Кочо Рацин“ на ЗГ „Акцијаши ветерани“ рано утринава изведоа четири часовна акција за уредување на овој простор.

Фото: Акција околу споменик на борците на ДАГ

Фото: Акција околу споменик на борците на ДАГ

Исто така, вчера рано утро, 10 ветерани изведоа работна акција и на уредување на дворот и околината на Подрачно училиште „Тодор Јанев“ во село Мелница, Оштина Чашка, каде вечерва ќе се одржат третите „Мелнички исселенички средби 2025“.

Фото: Акцијашите ветерани на акција во село Мелница, Општина Чашка

Фото: Акцијашите ветерани на акција во село Мелница, Општина Чашка
Фото: Акцијашите ветерани на акција во село Мелница, Општина Чашка

-Двете еднодневни доброволни работни акции ги изведовме на покана на организаторите кои од велешкото Здружение на граѓани „Акцијаши ветерани“ побараа помош. Нашата Работна бригада „Кочо Рацин“ е на располагање на граѓаните и секаде каде што можеме помагаме, рече претседателот Горан Петков.

Убавка Јаневска  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.