Велешките пожарникари гаснеле пожар на дива депонија во село Караслари
Објавено на 13 декември, 2023 во 14:50
Во Територијалната противпожарна единица Велес, вчера, во 12:00 часот било пријавено дека настанал пожар на дива депонија во село Карласлари во близина на фабриката Маркард.
Од ТТПЕ Велес соопштија дека тројца пожарникари на лице место излегле со едно противпожарно возило и со брза интервенција не дозволиле пожарот да се прошири.
Преку својот фејсбук профил ТППЕ Велес апелираат до граѓаните доколку забележат пожар да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 и 193.
Дума.мк