Велешките пожарникари, попладнево, изгаснаа пожар во поранешна Порцеланка
Објавено: 17 јуни, 2026, во 20:20 часот
Дојавата за пожарот во кругот на поранешна Порцеланка во Територијална против пожарна единица Велес била примена доцна попладнево, во 17:25 часот. Двајца пожарникари спасители со едно противпожарно возило веднаш се упатиле кон поранешната велешка фабрика.
По пристигнување на лице место побарана била помош од уште двајца пожарникари спасители како и од уште едно против пожарно возило.
-Следеше брза интервенција и пожарот беше изгаснат, соопштија од ТППЕ Велес.
Убавка Јаневска


