(Видео) Др Чолакова Дервишова: Конечно на комисиска расправа во Собрание предлогот да не се бришат пациентите од приватната амбуланта кога си заминува матичен лекар

Објавено на 6 септември, 2023 во 12:03

Собраниската Комисија за здравство, при прво читање, ја прифати иницијатива на Здружението на приватни лекари поддржана од Лекарска комора со која еден матичен лекар може да ги превземе пациентите на својот колега во истата приватната здравствена амбуланта. Тоа досега законски не беше возможно. Ова е особено значаен исчекор и го поздравувам, смета др Лилија Чолакова Дервишова претседателка на Здружението на приватни лекари.

Чолакова Дервишова појасни дека со оваа инцијатива се предлага при заминување од амбулантата или пензионирање на матичен лекар, граѓаните кои биле негови пациенти, по автоматизам да се префрлат кај вториот матичен лекар.

„Тоа значи дека граѓаните, поточно нашите пациенти, не ќе мораат да чекаат да завршат постапките на пререгистрации кои се долги и траат повеќе месеци, да носат здравствени картони од една во друга приватна организација туку од вториот лекар во истата приватна амбуланта да бидат веднаш услужени со потребните здравствени услуги како што е препишување лекови, издавање на упати за лабораториски испитувања, специјалистички прегледе итн,“ рече др Чолакова.

Инаку измените се однесуваат на член 28 став 4 од законот во кој се предлага да се додадат нови четири става 5,6,7 и 8 коишто др Чолакова јавно ги објави и гласат:

Др Чолакова е поканета денеска да учествува во расправата на собраниската Комисија за здравство и да го брани предлогот за измена и дополнување на Закон за здравствено осигурување. Почетокот на комисиската расправа, второ читање, е закажана во 14 часот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.