(Видео) Ексклузивни снимки од дрон ја прикажуваат очајната состојба во која се наоѓа велешко „Младост“
Глетката од воздух ја прикажува вистинската состојба во која се наоѓа деновиве велешко езеро „Младост“. Четири дена, во текот на минатата недела, 50 активисти на шест граѓански организации предводени од спортските риболовци на „Бабуна“, ја вадеа со грибла, ја собираа и со помош на чамци на коишто прикачија помошни дрвени штици, ја туркаа огромната количина на растителна маса и алгите во распаѓање коишто се измешани со остатоци од фекално потекло од централниот дел кон јужната страна на езерото. Тоа беше единствениот начин на собирање на најголемото досега загадување на езерската вода од изградбата на езерото. Тие за сојузник го имаа единствено ветерот од северен правец со чија помош оваа штетна материја беше донесена до делот во кој е сконцентрирана најголемата количина поточно пред вливот на Отовичка река во „Младост“.
Сепак снимениот видео материјал покажува дека пред езерскиот брег од западна страна, којшто е и најискористен од граѓаните, поради поставените клупи за седење и првата плажа, има остатоци од загадувањето во количини што не можат да се проценат од око.
По издадените и складирани во четири цистерни, околу 120 тони, од растителна маса и алгите во распаѓање коишто се измешани со остатоци од фекално потекло состојбата е сеуште загрижувачка.
Всушност загадувањето го нема на езерската површина во централниот дел на Младост но распослано е на сите крајбрежни страни на езерото.
Овие снимени материјали се повеќе од загрижувачки за членовите на велешкото СРД „Бабуна“. Тие веќе изјавија дека се додека нивен сојузник е северниот ветер ќе се обидуваат да ја чистат и да ја собираат материјата од езерската површина. Но тоа не е начин за да се врати во живот, веќе прогласеното од Хидробиолошки завод Охрид, мртво езеро. Во препораките на оваа институција пишува:
Спортските риболовци упатија апел до државните институции и до владата за помош. Засега, два дена по нивниот апел, никој не се јавил за помош.