(ВИДЕО) Гушева: Намален е бројот на шумски пожари на територијата на општините Чашка и Велес, да продолжиме да бидеме одговорни граѓани
Објавено: 6 август, 2025, во 12:58 часот
Шумарските работници засега, ова лето, на територијата на шумите и шумското земјиште со коешто управува ШС„Бабуна“ гаснеа само два поголеми шумски пожари. Пожарот во Богомила на територијата на Општина Чашка и вториот во атарот на селата Иванковци, Џидимирци и Крушје во Општина Велес. Раководителката на ШС „Бабуна“, Жаклина Гушева констатира сека има разлика и во бројот и во видот на шумски пожари на територијата на двете општини годинава во споредба со минатата, 2024 година.
Сепак во период на половина од актуелното лето не може да се извадат точни податоци за изгорената шумска маса , видот на дрвјата коишто се изгорени, како и вкупната површина. За да се одржи состојбата на ниво на мирна потребно е прво граѓаните да покажат висока еколошка свест во чување кога се во прашање шумите коишто се благодет од една и од втора страна природен ресурс на државата. Освен ова, Гушева, ја потенцира и добрата соработка на шумското стопанство, граѓаните, Регионалниот и државниот Центар за управување со кризи како и со Кризниот штаб при гаснењето на двата пожари на територијата на ШС „Бабуна“.
Вкупната површина на шуми и шумско земјиште со која управува ШС„Бабуна“ изнесува 60 илјади хектари. Од неа 75 до 80 отсто се наоѓа на територија на Општина Чашка додека останатото на велешката општина. Оваа површина засега директно и секојдневно ја контролираат 7 шумочувари и доколку би биле 10 до 12 тогаш тие реално би можеле да дадат поголем придонес во заштитата од шумски пожари или кражби на дрва.
Убавка Јаневска


