(Видео и фото) Чешките фолклористи ја пееја „На Струга дуќан да имам“ – свечено затворен јубилејниот 20 ИФФ „Велес“
Објавено: 7 јули, 2025, во 11:15 часот
Од повеќето изненадувања коишто ги подготвиле учесниците на годинешниот Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“, којшто одбележа јубилеј 20 години постоење, заслужено овациите на публиката ги собраа фолклористите на Ансамблот „Росенка“ од Прага. Тие на Македонски јазик ја изведоа народната песна „На Струга дуќан да имам“.
Публиката во Амфитеатар на Младински парк, во саботата на 5 јуни уживаше и во други изненадувања коишто ги приредија сите учесници на петата фестивалска вечер кога настапи и македонското Културно уметничко друштво „Јане Сандански“ од Австралија.


Фестивалот го затвори Томе Јаневски коишто се заблагодари на сите учесници како и на верната публика која во петте фестивалски вечери до последно место го полнеше амфитеатарот и со часови стоеше на тревниците во Младински парк за да ја гледа програмата. Јаневски додаде:
Домаќините и гостите разменија подароци и заедно се фотографираа.

Тапанџиите на КУД „Коле Неделковски“ исто така ја кренаа публиката на нозе по што следеше настапот на фолклористите на велешкото фолклорно друштво.

Традиционално учесниците и публиката го затворија фолклорниот фестивал со заедничко оро и меѓусебен поздрав како и ветување за нова дружба вгодина, на 21 ИФФ „Велес“.
Убавка Јаневска


