(Видео и фото) Гори боровата шума на Кишински Рид кај Лозово
Објавено: 16 август, 2023, во 15:22 часот
Голем пожар изби во борова шума во месноста Кишински Рид во Општина Лозово.

„Поради тешко пристапниот терен и опасноста од голема штета по оваа зимзелена шума кон пожарот ќе се упатат трите ер трактори на ДЗС и два хеликоптера на МВР,“ соопшти Стојанче Ангелов директор на ЦУК.

Веќе пожарот го гаснат пожарникари од земја и трите ер трактори како и два хеликоптера од воздух.
Убавка Јаневска


