(Видео и фото) Министерство за здравство купи два нови апарати за велешка болница, Меџити најави именување нов директор од вработените лекари

Објавено на 24 јануари, 2024 во 12:30

Апарат за анестезија и респиратор се веќе поставени во операционата сала на Одделението за реанимација и анестезија во ЈЗУ Општа болница Велес. Медицинските апарати ги купи министерството за здравство. Апаратот за анестезија чини 4 милиони денари и 3,5 милиони денари респираторот. Министерот д-р Фатмир Меџити денеска беше во велешка болница, ги промовираше апаратите и меѓу другото рече дека  станува збор за современи апарати кои биле дел од стратегијата на владата за осовременување на здравствените услуги на граѓаните во над 15 здравствени установи во Македонија.

Двата медицински апарати се многу значајни за подобрување на квалитетот на здравствените услуги и безбедноста на пациентите како возрасни така и деца, рече Прим. д-р Марина Леова од Одделението за анестезија и реанимација.

Министерот Меџити најави дека до крајот на неделава ЈЗУ Општа болница Велес ќе има нов директор откако досегашниот дипл. правник Ристе Богоевски си замина на нова функција поточно избран е за Државен правобранител. Изборот ќе бил направен од лекарите на болницата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.