(видео) Конституиран новиот Совет на Општина Велес, верифицирани мандатите и дадена свечена изјава
Објавено: 6 ноември, 2025, во 13:10 часот
Првата конститутивна седница на новоизрабниот состав на Советот на Општина Велес, на која беа верификувани мандатите на советниците се одржа денеска во електронската сала на општината.
Седницата ја отвори претседателот на претходниот состав на Советот, Даниел Јаневски, кој согласно Статут и Деловник за работа го покани највозрасниот член на новиот состав, Слободан Ников, да продолжи со претседавање.

Советниците прво го усвоија Предлог-решението за избор на претседател и членови на Верификационата комисија. За претседателка беше избрана Весна Атанасовска од советничка група на ВМРО ДПМНЕ, а за членови Изабела Апцева од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Звезданка Пешиќ од советничка група на Левица. Комисијата беше изгласана едногласно, со 23 гласа.
Верификационата комисија поднесе Извештајот за верификација на мандатите, кој го презентираше претседателката Атанасовска. Советот ја усвои Одлуката за верификација на мандатите.

Поточно верифицирани се мандатите на членовите на Совет на Општина Велес и тоа од ВМРО – ДПМНЕ: Даниел Јаневски, Лилија Чолакова-Дервишова, Весна Атанасовска, Нада Јованова, Жарко Манасков, Елизабета Митревска-Анѓелеска, Александар Илиевски, Маја Демерџиева, Изабела Апцева, Игор Стојанов, Селма Амедоска, Слободан Ников, Ивона Јовиќ, Мартина Стаменкова, Васко Гетов и Благојка Наунова.
Од коалицијата на СДСМ мандатите на Јованче Манасков, Мирјана Петрушевска Савова и Драган Стојанов.
Од Левица мандатите на Димче Ацков, Ѕвезданка Пешиќ и Анета Стајиќ.
Од Движење ЗНАМ мандатот на Милка Панова.
Членовите на Совет дадоа свечена изјава дека совесно и одговорно ќе ја извршуваат советничката функција во интерес на граѓаните.
На конститутивната седница присуствуваше и градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, кој им се обрати на новоизбраните советници со честитки за нивниот избор и порака за успешна и конструктивна работа во интерес на граѓаните на Велес.
За утре, петок, 7 ноември беше најавено одржување на првата редовна седница на Советот, на која советниците ќе треба да го изберат претседателот и да ги формираат 11 комисии.
Стефани Манева


