(Видео) Нови медицински апарати за Општа болница Велес со пари на Фондот за здравство додека комплетното реновирање на Инфективно и Подстаница за медицински гас од Влада

Објавено на 30 јули, 2025 во 15:46

Велешка Општа болница ќе набавува медицинска опрема за Интерно, за Очно, Детско и Одделение за неврологија и психијатрија. Доби согласност од Фондот за здравство.  Директорот Сашо Клековски нагласи дека набавката на нова медицинска опрема е обезбедена од вкупно издвоените 40 милиони денари, фондовски средстав, од кои поголемиот дел се за подмирување на долгот на јавната здравствена установа додека дел за плати на нововработените и за набавка на нова опрема.

-Ќе се набавува медицинска опрема за повеќе одделенија на болницата. Јас ќе ја потенцирам најголемата, која се однесува на Одделение за Отоматологија, каде е набавен вакум апарат а сега ќе се набави микроскоп за да се комплетира Офтомолошкиот оддел за редовна работа. Тоа значи дека ќе се изведуваат хирушки зафати на очи, додаде Клековски.  

-Се надевам и убеден сум дека опремата ќе придонесе за услугите што болницата ги издава. Убеден сум дека и понатаму ќе продолжиме со ваква соработка со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, рече директорот на Општа болница Велес, Александар Бузалков.

Тој додаде дека ќе се набават ехо апарат и ултразвук за Интерно одделение, топлотно креветче и билирбинометар за Детското одделение како и ЕКГ перфузер и аспиратор за Психијатриското одделение.

Со финансиски средства што Министерството за здравство и ги обезбеди на велешка Општа болница комплетно ќе се реновира зградата на Одделението за инфектолошки заболувања и ќе се гради Подстаница за медицински гасови.

-Објектите се значајни за подобрување на квалитетот на здравствените услови и за подобрување на условите на здравствените работници. До 26 август ќе биде поднесен проектот за целосна реконструкција на Инфективно одделение, по што следи постапката на Ревизија а по неа и избор на најповолен понудувач за да започне реконструкцијата како и градењето на одделението, рече заменик министерот за здравство Јовица Андовски.

Тој додаде дека во велешка болница веќе вработени се 11 приватни специјализанти додека според План за специјализација уште 13 лекари добиле согласност за заминување на специјализација во најразлични здравствени гранки како и дека се превземени од други приватни болници уште пет лекари специјалисти од кои еден е од хирушката здравствена гранка. Станува збор за абдоменалниот хирург Петре Кодовски којшто втора недела работи на Хирушко одделение. Според Андовски, во план е и вработување на здравствени работници со средно образование.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.