(Видео) Отворена изложбата „Летаргија“ на академскиот скулптор Ангел Коруновски која го симболизира „Крикот на човештвото“

Објавено на 13 јуни, 2025 во 18:01

Во ова време на вештачка светлина и дигитална присутност, вистинското „бидување” сè повеќе исчезнува. Луѓето се чувствуваат отсечени  од природата, од себе, од другите. Се јавува внатрешна празнина, немоќ да се почувствува ентузијазам, воља или инспирација. Летаргијата не е слабост на поединецот, туку крик на еден изморен колектив. Интересно е што, иако имаме пристап до сè: култура, знаење, забава, комуникација, никогаш не сме биле поуморни. И не е тоа само физички замор. Тоа е душевна исцрпеност, предизвикана од постојана изложеност на врева, на очекувања и на чувство дека никогаш не сме доволни, гласи само дел од впечатокот на драматургот Сашо Димоски за последната изложбена постановка на дипломираниот скулптор Ангел Коруновски која го носи насловот „Летаргија“. Димоски додава:

Дума.мк го праша авторот Ангел Коруновски каде ја бараше и пронаоѓаше  инспирацијата за 11 грандиозни дела којшто ги создаде и вчера вечер, ги постави во фоајето на велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ?

Станува збор за мултимедијална изложба на дигитални графики составена од дела создадени во комбинирана техника, со туш и перо, коишто при создавањето се или директно цртани или работени како мали делови на таблет за потоа со примена на дигитална технологија да ја постигнат својата грандиозност. Целта на авторот е да покаже дека и дигиталната технологија може да има душа исто како и класичното цртање во уметноста, во сликарството.  

Изложбената постановка „Летаргија“ беше отворена вчера вечер во рамките на културната манифестација 62 Рацинови средби и засега останува да ја видат Велешани во фоајето, на приземјето и на катот, на велешки Театар кој што веќе доби на подарок  една графика. Потоа ќе патува низ Македонија и на 13 октормври, годинава, да биде поставена во Њујорк, во Соединетите американски држави.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.