(Видео) Отворена специјалистичка биохемиска лабораторија „Ве лаб дијагностик“, наскоро со амбуланти за интернистичка и ортопедска медицина

Објавено: 18 декември, 2025, во 10:58 часот

Современа специјалистичка биохемиска лабораторија „Ве лаб дијагностик“ од денеска на Велешани им издава здравствени услуги како што се анализи на крвна слика, урина, глуциден статус, липидограм, хормонални анализи, тумор-маркери, алергии, а во најбрзо време анализи и од Молекуларна медицина, вели д-р Славица Малишевска, специјалист по медицинска биохемија.

Лабораторијата располага со современи медицински апарати за анализи на тумор маркери, хормони, хемостаза параметри. Во првите месеци „Ве лаб дијагностик“ ќе работи со тоа што граѓаните ќе ги плаќаат анализите се до потпишување на договорот со Министерство за здравство којшто ќе овозможи партиципација за услугите на пациентите.

Исто така, во рамките на „Ве лаб дијагностик“ наскоро се очекува да бидат отворени две амбуланти, првата за интернистички и втората за ортопедски прегледи, во коишто услуги ќе ги издаваат лекари специјалисти од двете медицински гранки како од Велес така и врвни стручњаци, професори кои работат на скопските клиники.

Современа специјалистичка биохемиска лабораторија „Ве лаб дијагностик“ беше отворена вчера вечер и се наоѓа во приземен простор спроти Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес.

Убавка Јаневска

Фото галерија

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.