(Видео) Шест ученици на ООУ „Панко Брашнаров“ на Регионален натпревар по географија освоија од 95 до максимални 100 бодови, сите мотивирани се за државни прваци

Шест ученици на ООУ„Панко Брашнаров“, минатиот викенд, ги освоија први места на Регионалниот натпревар по предметот Географија. Тие го повторија минатогодишниот успех со што ова велешко основно училиште во натпреварите по Географија лидер е во регионот. Даниел Чолаков, Јоанна Трајковска, Ангел Димов, Евгениј Ѓуров, Стефан Прпев и Дамјан Ангелески се учениците за кои училиштето вели дека се негова добитна комбинација и за претстојниот државен натпревар. Со особена гордост за своите ученици зборуваат, нивните ментори, наставниците по географија Коста Шупевски и Мики Велковски. Велковски е и Регионален координатор на велешки регион (Велес, Градско и Чашка) на Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“ Скопје.
Со освоени максимални 100 бода, првите места ги освоија, седмоодделенецот Даниел Чолаков како и осмо одделенците Ангел Димов, Евгениј Ѓуров и Дамјан Ангелевски. Со два бода помалку, на второто место се искачи нивната врсничка Јоанна Трајковска со што и таа го обезбеди своето место на државниот натпревар како и деветтооделенецот Дамјан Ангелевски кој ја освои првата награда со 95 бодови. Учество на регионалниот натрпевар земал и ученикот Александар Стојанов од седмо одделение. Сите овие ученици соопштија дека се мотивирани, исто како и претходната година на државниот натпревар по географија, најмалку да го повторат истиот успех кога од вкупно 80 ученици од државата првото и третото место го освои ООУ „Панко Брашнаров“ од Велес.
Наставниците и нивни ментори, Шупевски и Велковски, издвоија дека во процесот на континуирано, повеќегодишно освојување на првите награди, на општинските, на регионалните и на државни натпревари, освен желбата за изучување на Географија и дополнителниот интерес од страна на учениците, заедно со нивната посветеност како ментори, сите имаат извонредни услови за работа во Кабинетот по Географија, опремен со смарт табла, литература и надгледни средства.
Всушност по прошетката низ ова велешко основно училиште може да се констатира дека смарт табли има во сите училници и кабинети, како и компјутери но и лап топи за сите наставници. Исто така ова велешко училиште е традиционален домаќин на регионалните натпревари по Географија.
Убавка Јаневска
