(Видео) Велешка библиотека, вечерва, на интересен настан ги кани децата на спортскиот терен во Дворови

Објавено: 6 август, 2025, во 14:56 часот

Работилница на отворено, насловена како „Книга во лето“ е настан што ќе се одржи на отворено и има за цел да ги стимулира децата да продолжат да читаат. Работилницата ќе се одржи вечерва, со почеток во 19:00 часот, на спортски терен во Дворови, вели директорката на Градска библиотека „Гоце Делчев“ и има за цел низ креативна игра да мотивира што поголем број на млади сограѓани, до 10 годишна возраст, да започнат да читаат освен задолжителна лектира и други видови на книги додека мала но многу значајна група да продолжи и уште повеќе да чита книги од насловите што за нив редовно ги набавува библиотеката.

Освен за овој настан, што велешка библиотека го организира заедно со Општина Велес во рамките на културно велешко лето, Бошевска ја прашавме и за навиката за читање на книги од страна на Велешани токму во летниот период од годината.

Библиотеката внесе повеќе новини во својата работа со коишто се зголемува интересот на Велешани. Освен редовното споделување на најновите наслови на книги коишто ги набавува институцијата и преку својата Фејзбук страница ги информира читателите исто така воведе можност и тие меѓусебно да си предлагаат книги што вреди да се прочитаат како и наградни игри.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.