(видео) Во велешките училишта учат добри математичари, Александар и Ивана се само двајца од нив
Образовниот процес во училиштата честопати се критикува но денеска, кога во светот се слави Меѓународниот ден на бројот ПИ професори од велешките училишта велат дека треба да се пофали интересот на ученици коишто покажаа и докажаа дека се добри математичари. Нивниот број не е мал сметаат педагозите и воедно ги поттикнуваат да го развиваат својот вроден интелектуален капациетет кога станува збор за овој предмет во образованието.
Математиката не е баук туку природна наука на која ако и посветиш време уште од најмала возраст тогаш ти возвраќа со резултати што и надвор од училиштето се постигнуваат на разни натпревари, вели Александар Јордановски ученик во втора година во државното средно училиште ресурсен центар „Коле Неделковски“.
Ивана Милошева ученичка во прва година е исто така познат математичар меѓу своите врсници како во основото и така и во средното училиште. Таа како и Александар Јордановски досега е добитник на повеќе награди како на општински така и регионални натпревари по математика.
Наставниците и професорите кои го предаваат предметот математика се особено горди на секој успех коишто ги постигнуваат нивните учениците. Професорката по математика Магдалена Иванова за училиштето во коешто работи смета дека предметот математика е основа и особено е горда што учениците се враќаат од натпревари со добиени награди.
Инаку, Денот на Пи, 14 март се слави низ целиот свет. Лудолфов број или Архимедова константа — ирационален реален број, кој го претставува односот на обиколката на една кружница со нејзиниот пречникот во Евклидовата геометрија. Бројот π има широка употреба во математиката, физиката и инженерството, но се употребува и во други науки. Неговата приближна вредност на 5 децимали изнесува 3,14159.
Стефани Манева