Владата финансиски ја поддржала Општина Велес со вкупно 9 милиони евра за реконструкции на улици и патишта
Објавено: 20 јули, 2026, во 14:35 часот
По променетите водоводната и канализациона мрежа, со ЈКП „Дервен“, поставените подземни кабли и сменетото улично осветлување и ново поставените канделабри денеска започнува асвалтирањето на дел од улицата „11 Октомври“, поточно од под Трговски центар во Нова Населба до пред спојот со улицата „Раштански пат“, соопшти денеска градоначалникот Марко Колев. Според Колев оваа улица ќе биде готова за 20 дена.
Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, градоначалникот Колев, ги наброја сите реализирани проекти во Општина Велес како и оние кои што се реализирале во моментов со финансиска поддршка на Владата .
За ваквиот инфраструктурен развој на Велес издвоени се 9 милиони евра од страна на Владата, кажа нејзиниот заменик претседател и министер за транспорт, Александар Николоски.Тој потенцираше дека станува збор за финансиски средства како од државниот Буџет така и од проектот на Светска банка. Исто така најави дека поддршката на Општина Велес ќе продолжи.
Николовски заедно со премиерот Мицкоски престојуваа денеска во работна посета на општина Велес и заедно со градоначалникот Марко Колев направија увид на повеќе од поддржаните владини и проекти од министерството за транспорт.
Убавка Јаневска


