Владата му додели Благодарница на Здравствен дом Велес
Објавено: 24 март, 2026, во 11:36 часот
Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување при ЈЗУ Здравствен дом Велес е добитник на Благодарница од страна на Влада која што е посветена на вработените кои на 16 март 2025 година несебично, хумано и пожртвувано дадоа се од себе за спасување на повредените во кочанската трагедија и деновите по овој немил настан обезбедувајќи здравствена грижа и транспорт за тешко повредените лица.

-Благодарницата е заслужeна и е посветена на вработените во нашата јавна здравствена установа кои неуморно и воопшто не штедејќи се себеси помагаа покажувајќи ги највредните карактеристики а тоа се човечноста и хуманоста. Ја користам оваа можност и јас да им се заблагодарам. Исто така сакам да се заблагодарам и на Владата на Република Македонија која умее да препознае што се прават човечните и професионални работници во здравствените служби, рече Родна Јорданова директорка на ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Убавка Јаневска


