Во Дом на НВО, утре, превентивна едукација за болести на бубрег и бесплатно мерење на шеќер во крвта и притисок
Објавено на 13 март, 2025 во 14:58

Д-р Маја Пренџова од Ценар за дијализа Нефроплус ќе ја одржи превентивната едукација на граѓаните за „Значење на превенција од хронични бубрежни болести (ХББ) и ќе разговара со граѓаните на Велес. Настанот се организира по повод Светски ден на бубрег.
Исто така присутните ќе имаат можност за бесплатно мерење на шеќер во крв и крвен притисок.
Едукацијата ќе се одржи, петок, 14 март 2025 година во салата на Дом на НВО во Дворови, на улица Трајко Панов бр. 22, спроти прв клон на детска градинка, со почеток во 14.00 часот.
Настанот го организираат Здружението на лица со дијабетес „Лилипоп“ и Центарот за дијализа Нефроплус. На настанот може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани на Велес.
Дума.мк
