Во изминатото деноноќие пријавени три тепачки во СВР Велес
Сектор за внатрешни работи Велес евидентира три физички напади во последните 24 часа и тоа по еден во Велес, во Неготино и Кавадарци.
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, утрово, во 04:00 часот, го лишеле од слобода дваесет и осум годишниот П.Н. Тој, еден час по полноќ, не ја почитувал судската забрана за приближување до живеалиштето на неговата поранешна вонбрачна партнерка и по кратка расправија физички ја нападнал.
Во Полициска станица Неготино, во текот на вчерашниот ден, четириесет и три годишниот Д.Ш од неготинско село пријавил дека на училишното игралиште во селото, Ф.М од истото село, по кратка расправија физички го нападнал неговиот малолетен син.
Истиот ден, во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека во угостителски објект во Росоман, по кратка расправија настанала физичка пресметка помеѓу В.Т., Д.Л. и уште едно лице од една страна и Л.С., Т.Д., И.М. и Г.Ј. од друга страна.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се работи на расчитување на трите случаи.
Дума.мк