Во Кавадарци приведен и однесен во затвор осуденик од Штип баран со централна потерница
Објавено на 8 април, 2024 во 14:12
Полициски службеници на ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.Џ.(26) од Штип, вчера на пладне, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години и девет месеци. Осудениот штипјанец со затворска казна бил казнет за сторени кривични дела од областа на имотни деликти.
-Р.Џ. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска