Во ковид центарот на велешка болница хоспитализирани пет пациенти

Објавено на 10 август, 2021 во 12:35

Во Општа болница Велес во Инфективно одделение хоспитализирани се пет пациенти. Од нив тројца се потврдени позитивни на коронавирусот и двајца пациенти чекаат резултат од земен брис.

На кислородна поддршка се двајца пациенти, соопшти портпаролката на велешката болница Д-р Елеонора Јовановска.

Според извештајот на министерството за здравство во последното деноноќие во Велес не е регистриран нов случај и бројката на активни случаи изнесува 12.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.