Во неготинско откриени 537 парчиња пиротехнички средства, сопственикот заврши во Полициска станица
Објавено: 30 декември, 2025, во 16:28 часот
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино го лишија од слобода М.В.(50) од село Војшанци, неготинско. Тој заврши во Полициска станица по претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, кога полицијата пронајде и одзема 537 парчиња пиротехнички средства, тутун и цигари без бандероли.
-За настанот известен е јавен обвинител и по целосно документирање против М.В ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска

