Во осум населени места на Општина Чашка ќе се фрла Светиот крст за „Богојавление – Водици“
Традиционалното фрлање на Светиот крст во Општина Чашка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, на 19 јануари, годинава, ќе се одржи во осум население места.
Поточно, со почеток во 08:30 часот Светиот крст ќе се фрла во водите во село Ореше, потоа со почеток во 10:00 во село Богомила а во исто време и во село Мартолци. Половина час подоцна, во 10:30, во село Согле а со почеток во 11:00 часот Светиот крст ќе се фрла во водите на селата Теово и Извор. Богојавление во Општина Чашка ќе се одржи во 12:00 часот, а час и половина подоцна во село Војница.
Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, преку својот фејсбук профил ги информира сите православни верници коишто сакаат да влезат во водите по Светиот крст, дека треба да обезбедат потврда од матичен лекар дека се физички здрави и најдоцна до 18 јануари, четврток, да се пријават кај црковните одбори во населените места.
Дума.мк