Во прва година запишани 497 нови средношколци во Велес

Објавено на 15 јули, 2022 во 13:55
Фото: Дума.мк архива

Во јунскиот уписен рок во новата учебна година во четирите средни општински училишта во Велес запишани се вкупно 497 нови средношколци.

Во трите пријавувања во јунскиот уписен рок најголема заинтересираност од страна на средношколците имало за средното општинско училиште „Коле Неделковски“ коешто располага со девет паралелки и во кое се запишале 236 завршени деветооделенци. Потоа во средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ во шест паралелки за време на уписниот рок се запишале 136 ученици.

Во велешката гимназија „Кочо Рацин“ има вкупно четири паралелки од кои една на албански јазик. Запишани се вкупно 77 ученици  од кои 61 ученик во паралелките на македонски наставен јазик и 16 во паралелките на албански наставен јазик.

Во економското училиште ОСУ „Јовче Тесличков“ има три паралелки и во јунскиот уписен рок запишани се 48 ученици .

Во средните училишта во Општина Велес има уште 252 слободни места за упис на нови средношколци на последниот уписен рок којшто е закажан во месец август.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.