Во село Ореше пронајден починат маж во близина на семејната куќа
Објавено на 9 април, 2025 во 12:08

Шеесет годишниот Т.М, вчера, во 08:28 часот бил пронајден починат во близина на семејната куќа во село Ореше, Општина Чашка. Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека лекар од Итна медицинска помош Велес констатирала смрт без видливи траги на насилство.
-По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, додаваат од СВР Велес.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.
Дума.мк
