Во Велес, 65 лица можат веднаш да се вработат
Објавено: 8 јуни, 2026, во 10:22 часот
Економисти, машински инженери, доктори по општа медицина, шивачи и готвачи – ова се само дел од профилите што во моментов ги бараат велешките компании преку огласите објавени во Агенцијата за вработување.
Според јавно достапните податоци на веб-страницата на оваа државна институција (https://av.gov.mk) во моментот се отворени работни места за вкупно 65 лица од Велес и околината.

За најголемиот дел од позициите понудената плата е на ниво на законски утврдениот минимален износ, додека меѓу подобро платените работни места се издвојува огласот на велешкиот театар за позицијата Советник за материјално-финансиско работење, за која е предвидена месечна плата од над 50 илјади денари.
Во евиденцијата на Агенцијата за вработување во Велес во моментов се регистрирани 2.901 невработени лица. Токму од оваа група граѓани се очекува да бидат пополнети дел од слободните работни места за кои велешките компании објавиле огласи за вработување преку државната агенција.


На ново на држава во моментов отворени се 8.766 работни места. Занимање со најголем број на слободни места е Хигиеничар на станбен и деловен простор, најмалку Градежен инжењер.
Дијана Иванова


